тежок (прид.) - услов (имн.)

Тој го изразува триумфот на слободниот селанец против одлуките на политичката власт и тешките услови на градскиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Амбасадорот Крисман, кој ги доживеа пеколните денови во Албанија, достоинствено вршејќи ја својата мисија, ризикувајќи го својот живот, откако ја предочи кусата анализа, во ниту еден момент не зборуваше ни за своите тешкотии, ни за своите проблеми, за разлика од други амбасадори, кои беа во рајски услови во споредба со албанските, се жалеа за тешките услови на работа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Уште како млад проведе неколку години во испосничка ќелија во манастиров под тешки услови...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)