тежок (прид.) - чизма (имн.)

А тој, со тешката чизма удира на младите стебла, се смешка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- На извршување! - удира тој нога од нога, тапка со тешките чизми врз замрзнатата земја, крие лице од студениот ветер, и свртува грб на лапавицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Однадвор допре тропот на тешки чизми. Вратата се отвори со тресок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Утробата уште еднаш му се стегна; тешките чизми наближуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Жити мајка, - одново замоли Крстовица – имај срце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Другарот Кузе направи идолопоклонички чекор накај Василопулос и со очи на исплашено куче објасни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гаврани, врани, врапци ги колваа зрната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш глупавиот Методија со тешката чизма му згази на вратот и му рече: - Абе оште ше пееш, ше те обесам! - и ни пет ни шест, зеде едно јаже и го фрли на таванот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)