тежок (прид.) - шепа (имн.)

И умираше во густ бамбусов сплет под тешки шепи на џиновски тигар додека над него раснеа небото и восхитениот шепот на африканските ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може да се случи меѓу првите да загинам... Го определувам за свој заменик Онисифора Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзиниот грев, или гревот на насилникот од чии тешки шепи и не се обидела да се истргне, ѝ лежел врз бескрвните усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја видел Фиданка Кукникова со вртење како стои понижена и бушава зад гранките и младите стебла што со брзи замави ги соборувал за неа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едниот од нив трипати чукна на вратата со зглобот на средниот прст и, чекајќи одговор, ја спушти тешката шепа врз кваката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)