тежок (прид.) - воен (прид.)

Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој продолжи: – Но тоа беа тешки воени, неизвесни времиња кога, бегајќи од фашизмот, ја загубивме родната земја! – Тогаш бевме млади...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар што беа тешки воени времиња, на Игор Лозински му се приреди достоинствен закоп од многубројните пријатели.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)