тежок (прид.) - душевен (прид.)

Целиот клас се смее, и јас се потсмевнувам, зашто е тоа сега најпаметно, а и зашто уште не сум заправо ни свесен колку тешки душевни самокамшикувања ми претстојат заради остриот спомен на овој миг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе промрморив отколку што изговорив: - Тежок душевен потрес.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да зборуваме право, за долги не бев ни дораснат: останав малечок не по годините, кусо петле, и тоа претставуваше за мене извор на тешки душевни страдања, за кои нема овде да расправам, дека не ми е ни сега мило да си ги спомнувам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)