тежок (прид.) - како (прил.)

А грешните ќе да останат на земља, темни, гнасни, и грозни, и страшнии, и тешки како олово.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Ситен е. И тежок како човечка судбина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога утрината се разбудив, главата ми беше тешка како оловно ѓуле; пиев цела ноќ со Земанек во студентскиот бар, каде пристапот на средношколци им беше забранет, но Земанек и јас имавме еден пријател (брат на контрабасистот од нашето несудено џез- трио).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пред нив е каменот што го остави на моиве гради, немам други дарови, само спомени тешки како олово.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)