телесен (прид.) - и (сврз.)

Занесена во тие телесни и бестелесни фантазии ја штрекна едно тивко чукање на вратата. Не очекуваше никого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Македонија како библиска земја беше седиште на разноразни чујни и нечујни матновидци кои ги исцелуваа напатените и очајни транзициони страдалници со телесни и душевни болештини за кои и медицината дигнала раце.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе те спасат од лошиот миг на проклетсвото – филозофираше старецот со сликовитото претставување на телесната и духовната борба, ставајќи ги работите на вага.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како сведок на телесните и душевни предавања се појавува самиот Готвач, со приказната која воајерски патува по деловите на нивните тела, набројувајќи ги местата на средбите и телесните допири.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)