телефонски (прид.) - линија (имн.)

Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Томо само ги повтори зборовите на својот соговорник од другата страна на телефонската линија. - Каде? Кога?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Два железнички моста се прекинати, три километри железничка пруга е уништена, станиците кај Сливово - Ботун -Пиесицка 215 се уништени; петнаесет километри телефонска линија; еден патен мост е затворен со одрон од земја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А му веруем на чоекот и мислам дека 90% погаѓа само што мојот скромен џебен буџет не ми дозволуе 10 минути да ги одрапам на телефонска линија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)