темен (прид.) - завеса (имн.)

Старецот конечно го совладува сонот и мракот, кој по толкуте живописни слики што му издефилираа пред внатрешниот поглед, сега го прекрива смирувачката темна завеса која го спречува да го види натамошниот след на историските настани: римското разорување и на вториот Храм во 70-та година од новата ера, паѓањето на тврдината Бетар, последното упориште на Бар Кохба во борбата против Рим пљачкосувањето на Ерусалим, однесувањето и дефинитивното исчезнување на светата Арка на Заветот од новите, не и последните завојувачи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка ѝ и татко ѝ биле станати кога се разбудила таа и, со отвор колку око да се подаде од темната завеса, гледале кон куќата што горела.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)