темен (прид.) - лице (имн.)

Едниот постар, со бела коса и побелена брада, другите тројца помлади, неизбричени, со темни лица и подрасната коса, а петтиот беше момче на наша возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На вратата пред дворот ме пречека сува жена со строга лисичја муцка, темно лице слично на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пак се наведна над него и тој пак го виде своето темно лице во испупченото стакло на очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој најмногу се интересираше за мојот велосипед и веќе си ја имаше ставено мојата капа на главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)