темен (прид.) - море (имн.)

Низ темното море на ноќта во која се беше загубил, сеќавањето за миг како да го донесе до брегот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во темното море полесно се дишеше отколку пред тоа, во дневната горештина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во нив јас безглаво се спасував пред диносауруси и пред други, уште, пострашни животни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Па каде е сега тој? - избрзав јас. - Отиде во Рајот божји, душата покој да му има, лесно да му е темното море што е над него, - се растрепери старичката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)