темен (прид.) - темница (имн.)

ЗГАСНАЛЕ СИТЕ ЅВЕЗДИ, домаќине мој! Темна темница... сал Езероно реве - фрла чемер - бранови... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Смирено го слушаа дедо Петре. И молчешкум тргнаа накај селото. Темна темница и пред нив и зад нив...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)