тенок (прид.) - млаз (имн.)

И ти си ми некој водач на банда! - ми се потсмевна повторно, исцедувајќи тенок млаз плунка низ двата средни заба од кои едниот му беше малку поткршен на аголот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Снегот најпрвин се топи во тенки млазови а потоа во крупни парчиња, кои како огромен птичји измет, паѓа од гранките и тендите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Водата што извира од ридовите, тук- таму, во тенок млаз се слева во бистри кладенци, кои служат за напојување на добитокот и перење на облеките на жителите, потоа подземно се спушта, дотекува до двете селски чешми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)