тенок (прид.) - нос (имн.)

По сите години што изминале, се чини по малку и смален, со исклучок на неговиот тенок нос кој уште повеќе стрчи помеѓу сивите очи што одреме- навреме подмижуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше тоа испиено еврејско лице, со огромен кадрав ореол од бела коса и со малечка козја брадичка - умно, а сепак некако подмолно лице, со еден вид сенилно лудило во долгиот тенок нос, на чиј крај стрчеа чифт очила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)