тенок (прид.) - прст (имн.)

Влатко ја прифати подадената дланка со изразито долги и тенки прсти.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еден од нив, од тие нејзини многубројни прстени не го испуштав од вид.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден дел од лицето затскри со своите тенки прсти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нејзините долги, тенки прсти, со многу сребрени прстени, летаа по мене и ме допираа како што ветерот ги допира нежните треви во јуни, во нашата ливада во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас мислев на темнооката Миру, на нејзината долга, мазна, свилеста коса и на нејзините нежни и тенки прсти под кои се раѓаат ѕвезди, птици, цвеќиња, овошја, облаци и животни, и знаев дека тоа што го чувствувам е она што возрасните го нарекуваат љубомора и дека нема врска со онаа љубомора со која брат ми има обичај да ми ја јаде душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Во нашите краеви – продолжи Игбал – децата ги изработуваат најубавите килими, оти само тие имаат ситни и тенки прстиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плус, ми се гледа некако „смотана”, како „загубена во вселената”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)