тенок (прид.) - рака (имн.)

Онака џуџест по раст, изобличен од омраза, тој со едната рака го стегаше вратот на микрофонот, додека со другата, огромна шака на крајот од долгата тенка рака, гребеше заканувачки високо во воздухот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој покажа со тенката рака кон него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Рацете се испремрешкуваат во нестрплива желба да му ја стиснат неговата бледа и тенка рака што се губи меѓу нив и сеќава само силна болка во рачните коски. И не може да си ја оттргне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плус, ми се гледа некако „смотана”, како „загубена во вселената”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ја соблекла кожната јакна и чизмите; имаше маичка без ракави, а слаби набабрувања од електрични кола на Шиба Сити се познаваа врз нејзините тенки раце.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Не си ми рекол баш ништо“, царот ја испружи својата тенка рака за да ја допре блескавата хартија и костурот на направата што личеше на птица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој имаше зелени очи и пријателски манири и ме праша каде е мојот стан.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ми вели, Колку ти се тенки рацете? Погледни колку ти се тенки зглобовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многумина од добрите се женети.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гледај, ми рече, женет човек ми го рече ова, Можам да ги обвиткам прстите околу тебе и никаде да не те допрам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)