тенок (прид.) - слој (имн.)

Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оваа „монашка”, „естетска”, „воајерска” варијанта за (духовен) спас веројатно не е никакво „општествено” решение, но за тие пар згадени и истоштени луѓе (што читаат Маргина!) може да биде, ако ништо друго, барем еден репер повеќе. (Ова - по илјадити пат - никако никако никако не смее да се сфати како апологија на ескапизмот кој ионака „дрма” низ тенките слоеви на тн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога гризеше и џвакаше, ги виеше усните над кои имаше тенок слој влакненца, ги превиткуваше и ги облизнуваше со мазниот јазик насипан со трошки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби желбата за извлеку­вање, за откачување од примитивната сцена, никогаш не ни постоела, освен кај еден тенок слој, политички и интелектуален слој, епифеноме­нален.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)