територијален (прид.) - аспирација (имн.)

Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓусебните распределби на територии ГОЛЕМИТЕ, пред сè, биле водени и раководени од своите економски интереси, политички цели, територијални аспирации, не водејќи сметка за интересите на „малите“ народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но настаните во Македонија и постојаните посети од Маклин и укажувањето за територијалните аспирации на македонското политичко и воено раководство, а кои не биле во интерес на британските долгорочни воени цели во однос на Балканот, го принудиле Тито да преземе енергични мерки во однос на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меѓувреме, Британците примиле итна телеграма од Бејли во која се нагласувало "дека за успехот на мисијата на мајорот Тејлор би требало да се искористат Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)