територијален (прид.) - интерес (имн.)

На таквите "обвинувања" од страна на Меклин Тито го "смирил" Меклин со ветувањето дека Југославија нема "агресивни намери спрема грчка Македонија" и дека "грчката македонска бригада нема да ја премине границата", а југословенските територијални интереси ќе бидат поставени на мировната конференција по завршувањето на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со овие негови одговори британскиот Форин офис бил сосема задоволен, уште повеќе што Тито во однос на Македонија издал инструкции со кои на македонските политички и воени лидери им се забранувало да даваат изјави за "Грција или за македонското прашање, без да се консултираат со него".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)