тесен (прид.) - врата (имн.)

Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога разбрануваната маса во Ефес конечно се смири, не заради верата во Бога, туку заради стравот од Рим, повторно, по којзнае кој пат омален со духот од тага поради тесната врата кон Спасението, која слепоста на неговите браќа ја заклучуваше и ја замандалуваше со своите идоли од злато и од сребро наместо да ја отвора со својата љубов, тој повторно замина за Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, остануваше последната утеха дека излезот сепак постои, ако не во затворената тесна врата на идеологија­та, тогаш сигурно ќе го покажат татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ден со сендвичи и леден чај го разгледуваа пасусот Матеја 7:13-14, познат пасус што неодамна го заинтригира и вознемири Дејв; „Влезете низ тесната врата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Влегов таму низ тесното вратиче што води кон измачувањата и излегов низ истото тесно вратиче зад кое останаа десетици и стотици кои не сакаа да погледнат кон вратичето низ кое излегов јас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)