тесен (прид.) - патека (имн.)

Десно - длабока темнa бездна што почнува веднаш при влезот во тесната патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По тесната патека се влева цела врвулица – коњи, мазги, носилки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Маркос во овој миг се потсети на своите зборови што ги изрече на советувањето по трагичната битка: - Денеска одиме по една тесна патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа протресе со главата, очигледно како предупредување да не зборува, потоа ги раздели грмушките и брзо го поведе по тесната патека во шумата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот беше искривен, колата беше исто така искривена, затоа што левите дрвени тркала беа на една погорна тесна патека, додека десните лежеа на долната патека.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека тие една преку друга, туркајќи се по тесната патека, се спуштија кон потокот, Бојан се качи во плевната и нафрла пет-шест вили сено. Таму, покрај ѕидот имаше ниски јасли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа, Симон качен на коњот, а јас по него, врвевме по тесна патека со расцутено бозје од обете страни и со темно-модри жужели на белиот цут.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Околу нејзиниот дворец, - продолжи таа додека внимателно и со мака се искачувавме по тесната патека што водеше низ карпите крај езерото, - течела брза и бистра планинска река со многу златни риби во неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пред влезот во селото, лево од патот забележавме парче штица закована на дабово стебло и натпис: “Σπηλια Ζαχιαριαδης”.5 До пештерата пругоре по стрмнината води тесна патека и пред влезот во широкото плато распослано под сенките на нискостеблестите дабови, свртува лево.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа скршна по една селска тесна патека од друмот во шумата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Последен одеше и по тесната патека низ шумата држејќи ја врската со Одредот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дали обидот секогаш претставува тесна патека, и дали ќе втасаш до потребниот заклучок само кога ќе ја совладаш спомнатава патека?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)