тесен (прид.) - простор (имн.)

Тишината се згусна. Стана тврда. Го соѕида во тесен простор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Изградена на три ката во тесен простор, стегната меѓу две други куќи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш една мачка ја збрка меѓу куќата од Богдан и плевната и ѝ го загради тесниот простор меѓу двата ѕида да не може да излезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Упорно бараме место и по долго кружење, ни се насмевна среќата, ако така може да се нарече празнината меѓу две коли каде го пикнавме нашето SAXO и одвај се извлековме низ тесниот простор што ги дели колите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врвот на стапчето, со кое генералот ги покажуваше на картата позициите на двете војски, се задржа на крајниот северен дел од тесниот простор, на кој беа концентрирани силите на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зад нив остануваат тесните простори на родните предели, а пред нив се отвораше огромниот свет.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На тесен простор се наоѓаат над 12.000 надгробни плочи, уште од 14 век па се до најново време.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)