тесен (прид.) - улица (имн.)

Се наоѓаше во една тесна улица, со неколку мали дуќанчиња раштркани меѓу куќите за живеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Монмартр“ има своја историја. Овде е сѐ конзервирано, онака како што било пред десетици и десетици години, па и со векови, тука се тесните улици и сокаци, лампионите, малите плоштади.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За тоа време коњот како рпизрак јурел по тесните улици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден, два, три, железните топки отскокнуваат од раката на Арсо и таму во тесната улица темнината стенка и вие во агонијата на смртно погодување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слеани во едно подвижно, преплашено, чудно тело, тројцата потонуваат во темнината на тесната улица, полнејќи го просторот со викотници и плач.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе ја помине онаа тесна улица што ја сече главната.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сети како го помина просторот од пристаништето до оваа тесна улица каде што се потајува во бујната зеленина на бршленот вратата на магазинот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слепиот ѕид ја затвораше тесната улица - гол како крајбрежна студена карпа на која налетуваат слаби лотки, управувани од бури и виори.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што може човек? Да талка по тесните улици, полни со магла и водена пареа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тесните улици, бавчите пред куќите и дворовите ги испоганивме. Секаде нечисто и реа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тесната улица, која тогаш беше нашето единствено место за играње фудбал со топка крпеница од партали, е широка и само мерцедеси се движат во колони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тоа што не беше ни занимливо ни ново, вака изгледаше; долга, тесна улица на периферија, со стари, еднолични куќи во два реда, разделени со груба калдрма.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ има крај. И долгата тесна улица со два реда стари, еднолични куќи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)