тесен (прид.) - фармерки (имн.)

Уште од вратата, Александар, го регистрира нејзинит задник, вкомпониран во црни тесни фармерки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не било случајно, си помислив, што стомакот почнал да ме боли, напнат под притисокот на сега веќе тесните фармерки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се облекува како матурант, во тесни фармерки, маички што ги покажуваат неговите „плочки“, лепи тетоважа за една употреба, вози велосипед и пие пиво со лимон.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тесните фармерки покажуваа добра фигура, а низ свилената црна кошула се оцртуваа нејзините крупни гради.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А и никогаш не сум имала амбиции да се натпреварувам за најчиста домаќинка во градот! - рече тетка Марија и се насмевна гласно, при што стомакот повторно ѝ се затресе горе-долу, нежно допирајќи се од чинијата пред неа, која заѕвечка во ритам со нејзиното смеење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Заробеното тело во тесните фармерки и тесна јакна во целост ја изразуваше нејзината раскошна недопрена женственост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)