тесен (прид.) - ходник (имн.)

„Пишувај“ рече и тргна да се повлекува во темнината на долгиот тесен ходник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеднаш, додека потстанаа бабите од околу маса, тесното ходниче се наполни со тетки и чичковци и со многу развеселени гласови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но ако не го сторите тоа, ако не се откажете од намерата да продолжите со потрагата, обезбедете си светлосен извор, веројатно петролејска ламба, или светилка на батерија, за совладување на пречките што времето ги натрупало по тесните ходници.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потем пак се исправи. И полека, тетеравејќи се, се проби низ тесниот ходник до својата гримерна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)