тесен (прид.) - селски (прид.)

Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одевме така збунети по тесната селска патека на “пристојно” растојание еден од друг и двајцата некако изгледавме смотани.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Води – рече и го снема во тесното селско сокаче.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вчекоруваат во тесно селско сокаче, свртуваат и пред неа дедовата куќа: на чардакот мајка ѝ, до неа баба и, зад нив по миг на сета висина се исправува дедо Крсто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повелете! — И Мирче ги воведе своите гости во својата тесна селска куќарка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)