течен (прид.) - состојба (имн.)

Саќето според Бојс е “негатив на камениот кристал”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Неговото пијано е кристал, кого завиткувањето во топол филц требало да го растопи, како и многу други културни објекти кои ги завиткал за да ги врати во живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакав да кажам нешто за необичното својство на водата, но она што следеше не беше говор: моите неискажани мисли излегуваа од мојата уста во течна состојба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа е толку геометриски егзактно - замрзнато - како кристал, но може, со помош на физичката топлина на пчелата, повторно да биде растопено - “вратено” - во течна состојба, правејќи ја својата примарна топлина расположива како храна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)