тивок (прид.) - занес (имн.)

И така, во тивок занес, во дијалог кој го надминуваше интелектуалното ниво на двајцата балкански автодидакти, посебно во доменот на лингвистиката, минувајќи крај последните дуќани и занаетчии, крај џамии и анови, стигнаа во срцето на старата чаршија и тука влегоа во една чајџилница спроти Мустафапашината џамија, од чиј шадрван во градината жубореше водата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде се служел само чај, еден од најдобро подготвените во чаршијата, со посебен ритуал и уметност на служење, во табли, тепсии или посебни послужавници подавалници...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)