тогашен (прид.) - премиер (имн.)

Со 61 тоа се укинува и угостителската дејност на НУЦК.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Хабиб Бургиба, додека беше во Париз, по остварената независност во преговорите со Франција и тогашниот премиер Мандес Франс, вежбал јавање на бел коњ за своето триумфално враќање во Тунис, додека Јасер Арафат ова нема да го доживее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идеалот на обата големи лидера на арапскиот свет Бургиба и Арафат беше да дојаваат на бел коњ во ослободената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Непосредната спогодба меѓу Владата на РМ (застапувана од тогашниот премиер д-р В.Бучковски) и закупецот е склучена во април 2006-та.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)