тогашен (прид.) - национален (прид.)

Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според првото дополнување, правните лица за кои се применуваат одредбите на овој закон, а вршат дејност распоредена во областа од 01 до 11, како и правните лица што вршат дејност во областа од 12 до 14 кои се регистрирани како претпријатија (и во двата случаи согласно тогашната националната класификација на дејностите), платите за јули 1992 година и натаму ги исплатуваат најмногу во висина на просечната нето плата утврдена согласно со овој закон и зголемена за 50% (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)