тогашен (прид.) - сојузен (прид.)

Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов пред кабинетот на другарот Сојузен, во очекување тој да го заврши разговорот со друг вратен амбасадор од мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на претходната средба, во истиот кабинет, пред заминувањето, пред точно четири години со тогашниот сојузен министер за надворешни работи Раиф Диздаревиќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не забораваше да рече: - Ова е чист мед, од палестинските планини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разделивме како стари другари со кои со години се разбиравме низ шифри, без да сме се гледале, разделени речиси засекогаш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниот разговор во барокното здание на Сојузното министерство за надворешни работи во Белград, требаше да го имам со тогашниот сојузен секретар, односно министер за надворешни работи Будимир Лончар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)