топол (прид.) - есен (имн.)

Тоа беше четиринаесеттиот ден од месеца ноемврија, топлата есен 2000 год.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури сега, во дните на оваа топла есен, крај манастирот „Св. Пантелејмон“, останат сам и спокоен, се обидувам да ги запишам собитијата од средбите со него, што долго не ми даваа мир и ме обеспокојуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пиеја домашна ракија во изнајмениот стан на пријателот, беше доцна вечер, а топлата есен полека одминуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)