топол (прид.) - постела (имн.)

Легнува во топлата постела покриен со црвено веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: погледот на некои небески очи како топла постела за да заспијат децата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За него беше сосема сеедно дали шумава е на Северниот Пол или во Македонија – овој простор околу него му беше туѓ и тој посака во мигот кога се разбуди да се разбудеше во својата топла постела наместо во овој смрзнат марширен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мора да продолжи да чекори за да не заспие и така заспан, несвесно да не клапне на овој снег како на топла постела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го исклучувам компјутерот, ги вадам очилата и ги сместувам во нивната топла постела, во црвената футрола со срцолики орнаменти.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- А, вистина, на жена ти Златанка што ѝ рече утринава, кога ја остави топлата постела?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не те заборавив. Само се трудев да вечерва кога ја видов ноќта во косата на таа што ја напушти топлата постела.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А дека некој таму, од едната или другата страна, откако обеси пушка на трн и најде топла постела под покрив, каде што не го удира виулица и не го бие дожд и отстрана се топори и сее зло, треба и нему да му го најдеме местото меѓу нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се трудев до вечерва кога ја видов ноќта во косата на таа што ја напушити топлата постела.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А, вистина, на жена ти Златанка што ѝ рече утринава, кога ја остави топлата постела? Дека ќе одиш на зајаци, нели? Гласот долго му беше потсмешлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)