топол (прид.) - радијатор (имн.)

Полека отпиваше мали голтки од првото кафе и ги гледаше ретките снегулки надвор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Всушност, сега се сетив дека тоа што почуствував кога ја видов овде на прозорецот, не беше лута љубомора туку горешто посакување моите раце да бидат на нејзините топло оживеани дојки и јас да бидам топлиот радијатор меѓу нејзините нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Возбуден од топлината почнувам да се тискам врз топлиот радијатор и убаво ми е зашто сум на пат да свршам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Онаа што го љубеше стоеше покрај прозорецот во кујната, со колковите залепена за топлиот радијатор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)