топол (прид.) - шинел (имн.)

И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)