точен (прид.) - опис (имн.)

Повикувајќи ја да се прибере и да застане пак на нозе, најпосле покажува извесно нетрпение; далеку од тоа дека може да смета на некакви изливи на сочувство за сопствените испади, морал да се снаоѓа без нив, а тоа е зошто неговиот завршен повик истовремено искажува и нежност и цврстина пред глетката на женска гламурозност и абјектност. ‌Тоа што О’Хара свесно ги комбинира тревожната грижа и збунетата оддалеченост го бележи неговото спознание дека тој не се квалификува за субјект на таков раскошен и мелодраматичен дискурс на ѕвезда, макар сведочело тоа и за неговиот восхит и за неговата завист кон оние што се квалификуваат.370 Неговото иронично изрекување на насловот, на крајот на краиштата, го обелоденува својот дискурс како неоснован, освен во тропата на самата мелодрама на славните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој впечаток го дополнува отсуството на интерпункција, како и намерната шлакнатост и беспредметност на неговиот спор со пријателот околу точниот опис на времето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажественоста на О’Хара дополнително ја поткопуваат и неговата запенета реакција околу тривијален настан од животот на женска филмска ѕвезда и неговото заземање став на средношколска возбуденост и похотливост во пресрет на скандалозна глетка, како и заземањето посвечен уважителен однос што им прилега на обожавателките на Лана Тарнер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)