традиционален (прид.) - сфаќање (имн.)

Тоа е факт посебно ако ги имаме предвид современите комуникациски технологии.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, тој е тоа само во онаа смисла во која се спротивставува на традиционалното сфаќање на „уметничкото“, а зад тоа неговиот став е ауметнички - уметноста е само еден од преносителите на духовноста, само едно средство за постигнување на духовно просветлување, ништо помалку и ништо повеќе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие недвосмислено значат предизвик за традиционалното сфаќање на индивидуалниот субјект и нов степен на негова детериторијализација, за којашто зборуваат Делез и Гатари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)