треперлив (прид.) - глас (имн.)

— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајката, затресена над чедото, праша со треперлив глас: — Кој троста во ова ноќно време?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Павлина и Верка се исто многу малечки... – плачеше Кире со треперлив глас...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пееше со жар и задоволство од старите времиња, со длабок и треперлив глас што содржеше траги од некогашен импресивен баритон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Арсо го издвојуваше треперливиот глас на Алија од хорот на заедничкото говорење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тики (Со треперлив глас): Дојди, го посакувам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Да, Грета. (Свртува) Машки глас (во позадина): ДА?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Простете, - изусти со треперлив глас старичката, - немаше да дојдам, но навистина немам пари...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Удривме некоја крава, - прошепоти Иван со треперлив глас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Калчо прошепоти со треперлив глас: - Јас, учителе, јас напишав... Не Јоле... Пуштете го...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Попот откако се смири, го зеде евангелието од свети Јован Богослов и започна да чита со треперлив глас:...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)