треперлив (прид.) - рака (имн.)

Нурнат малку нанапред со двете раце, десната ступаничена, се потпира на колената, и зашто сонцето му бие право в очи а не свикнал на него, цели седум дена не излегол на сонце, со напор со искосува малку влево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор ја зема лирата со треперлива рака и заедно со лирата пак му клапнува на колена, толку е изнемоштен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повторно немам облик. Но чувствувам една треперлива рака како ме допира и ме залачува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со треперливи раце ти го пишувам писмово на палубата од бродов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со клинец неговата треперлива рака ја ископа на ѕидот над одарот, каде што лежеше, реченицата што почесто му светнуваше во мозокот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотинии и трето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со треперлива рака си го побара луленцето и почна да го пали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не не можам да разберам зошто никогаш не станав апстрактен експресионист, бидејќи, со мојата треперлива рака би бил навистина успешен. ◊ За време на шеесетите, луѓето заборавија на своите емоции.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се гледаме еден со друг. Ние сме Семјуел Метјуз и Рејмонд Мозес и Вилијам Сполдинг и Чарлс Еванс и Форест Кол и Џон Самерс и не зборуваме ништо туку само се гледаме меѓу себе во бледите лица и треперливите раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)