трепетлив (прид.) - муцуле (имн.)

Ценетиот поп бил уверен дека тие што избегале не биле преплашени зајаци со трепетливи муцулиња чија животна смисла станала кожата и крвта под неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со иста цел но без заповед пошол кришум кон Кукулино уште еден, Јордан Шоп, оставајќи го своето воле со еден рог и со бел грб, па така останале уште седумнаесет терачи на петнаесет запреги - нешто добиток им пцовисал од своја ајванска панукла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)