трет (прид.) - лице (имн.)

Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работникот на работа или во врска со работата, намерно или од крајно невнимание, му предизвика штета на трето лице, работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата, а работникот е должен да ја надомести штетата на работодавачот (чл. 156, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста делумно ако оштетениот делумно придонел за настанувањето на штетата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицето со кое имателот се послужил при употребата на предметот не се смета како трето лице (чл. 163, ЗОО). 4.  Сведокот претходно ќе се опомене дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, а потоа ќе се пре- дупреди за последиците од давање на лажен исказ [како посебно 203 „кривично дело против правосудството“] (чл. 228, ст.2 д ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста и ако докаже дека штетата настанала исклучиво со дејствие на оштетениот или на трето лице, кое тој не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие, за штетата се солидарно одговорни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако за настанувањето на штетата делумно придонело трето лице, тоа му одговара на оштетениот солидарно со имателот на предметот, а е должно да го поднесува надоместот сразмерно со тежината на својата вина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот е должен да го известува работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за настанување на материјална штета, што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица (чл. 33, ЗРО). 215
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот донесе одлука Александар Бренер да ги помине во затвор следните 14 дена, до 26 февруари кога ќе биде изречена конечната пресуда...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како заклучок, обвинителот предупреди: „Се докажа дека ова лице оштети имот што му припаѓа на трето лице; штетата е иреверзибилна и уметничкото дело не може да се реставрира и да се врати во првобитната положба...“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оваа перспектива, како што е познато, укажува дека во определувањето на тоа што некој знае, треба да се започне со приватните дадености во неговата свест, од каде треба да се започне процесот на надградување, кон заклучоците за она што може да постои покрај нив; идејата е дека на тој начин човек барем започнува со нешто непогрешливо и несомнено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не е никакво чудо, после сѐ, ако за себе зборува со најголема можна претпазливост, со шепот, честопати во трето лице; ова кутро суштество е сосем свесно дека е сопствениот дедо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Несреќата е во тоа што увидувањето на третото лице секогаш е само впечаток што никако не е доволен да го охрабри да ја опомене жртвата на црниот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Некои примери покажуваа дека едно трето лице, по позициите на телото во однос на соговорникот, би можело да погоди кој од двајцата набљудувани е црниот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дури и кога не се гледаше како трето лице туку стоеше едноставен, незасегнат и наизглед мртов за се па и за себеси односно, кога се посматраше себеси влезен во духот на една тивка, наивна и неопасна безличност, го обземаше истиот сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Буде ЧЕТИРИ РАСКАЗИ ... илустрација: Едвард Дел Росарио Се чудеше од каде тоа задоволство што го чувствува кога за себеси размислува во трето лице. okno.mk | Margina #1 [1994] 47
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие воопшто не забележувале дека неговите стихови не се напишани во трето лице.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вистинската сопственичка сето тоа го видела, но секако дека не се осмелила да го сврти вниманието кон таквиот чин во присуство на третото лице, кое стоело веднаш до неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден директор, како добар човек и со желба да го награди за долгата служба, нареди да му се даде нешто позначајно од обичното препишување; имено, од веќе готово дело, му беше речено да направи службен акт до некој друг отсек; работата се состоеше само во тоа да се смени насловниот титулар и да се сменат глаголите од прво во трето лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Не? Добро; откривањето на документот на трето лице, кое нема да го именувам, би ја довело во прашање честа на една личност од мошне висока позиција; и оваа околност му дава на имателот на документот моќ над видната личност чиишто чест и спокојство на тој начин се доведуваат во опасност.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев повикан од страна на Атинското психијатриско здружение за тоа да разговарам со уредниците на DSM-III, бидејќи ширум светот DSM-III се препорачува како основа за системот на осигурување на трето лице.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Грците беа мошне незадоволни заради тоа што таквите критериуми треба да ги вклучат во својата пракса, но немаа избор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден од водечките американски психијатри изјави дека DSM-III е само листа за наплаќање на осигурувањето по системот на трето лице кога „запукав” по DSM-III минатата година.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Морате да се најдете во DSM-III за осигурувањето да ви исплати одредена сума пари.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Гледај, те молам“, му се насмеа в лице, „ако си ти личноста која од толкавата зацапаност може и да се разболи, и ако цениш дека токму јас сум спасителката што може да те исцели, речи го тоа директно, а не во трето лице!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сепак, и во неа има вина. Таа го прифати токму таков: човек во „трето лице“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го раскажав тоа во трето лице, зашто по карактер сум активен набљудувач и секогаш со сопствен став кон проблемот за којшто пишувам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)