трет (прид.) - свет (имн.)

Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Затоа не треба да се чудиме, како што пишува Октавио Паз, кога “во она што се нарекува Трет свет со различни имиња и атрибути владее Калигула со илјадници лица”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така кажува библијата, куранот и сите други религиски книги кои се од несатанистичка природа, живеам во третиот свет, поредок на хаосот. Време на немири.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги имам двата блока и третиот свет. (Пауза) Гут. (Пауза) Да ми ја ебе цел свет мајката, ако знам што се случува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Истите проблеми ги има и во Европа и во „третиот свет“. Вие верувате дека мотивот за промена е од економска природа? Margina #21 [1995] | okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Економијата ја контролира политиката, така што главната причина секогаш е од економска природа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога живеете во сиромашниот Трет свет, а преку оградата е олицетворението на Првиот, со сите свои добра, кои нема да можете да си дозволите со вашата минималната плата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
5.1. Бордерхак (Borderhack) Што да правите кога сте од погрешната страна на границата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како и во другите два цитата, и овој воведува странска - и тоа како - митологија, за да ја поремети логиката, логоцентричната логика, би рекол Дерида, на западниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како пишувањето, и Укбар е придодавка која го заменила светот - трет свет, така да кажеме, без политичко значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)