трет (прид.) - за (предл.)

Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Множење со нула Не ме фаќа место, не сум овде во оваа одломка престорена во космос блудам и во отсутност преминувам « тегоба во тегоба » сѐ додека зборот не исчезне и тој ли осуетен, сетен анаграм сѐ додека повторно не се овоплоти - помалку алегорично, повеќе пародично - и не нѐ потсети дека меѓу двата света освен двата постои некој трет за некој друг не за нас за минус еден за минус два за минус сѐ додека не остане и не стане сѐ прааззззннноооо ОО 00 оо
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бараш трет за преферанс а немаш ни втор за реми – играш пасијанс со спомените.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Третото за ќефови - мачки во осој, залез во доцна лето, лубеници на кришки, виножита и вилини коњчиња.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)