трет (прид.) - да (сврз.)

- Немој, бре Вендија, не расипувај ја свадбата, ќе му се доближи трет да го смирува, да се разбере, а Дуко Вендија и него го светнува преку муцка и црвени мазници му потекуваат од носот, од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој со едната нога може и на трет да мисли, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овој се качи на него, но калето беше високо, та мораше трет да се качи врз вториот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првата беше да стапне до највисоките снежни врвови, втората да го заврши медицинскиот факултет и третата да објави книга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)