трикатен (прид.) - куќа (имн.)

Харалампие, единецот галениче на богатиот трговец со трикатна куќа во центарот на градот и Темелко, најмалиот меѓу осумте браќа и сестри, дојденец од село, се разликуваа во облеката, во говорот и во изборот на девојките, но по својата бескрупулозност, беа многу, многу слични.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше штипјанец по потекло, а живееше во Риека, во трикатна куќа - највисоко, горе и од балконот, како од видиковец, се гледаше цела Опатија, Ловран и неговиот град како да се еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)