тркалест (прид.) - лице (имн.)

Мачката веднаш не ми се допадна. Имаше огромно, тркалезно лице, слично како тоа на свекрва ми, па и на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Светлината од телевизорот му го осветли лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие завиткаа цигари, ги запалија и се порасположија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со душа чекаше кога ќе дојде времето да тргне од Кукуш и да се запише на военото училиште.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој беше со тркалесто лице и црни завиткани мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мал црвен нос, олупен од мајско сонце, тркалесто лице под брада, стиснати усни и ниско испупчено чело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)