трошен (прид.) - и (сврз.)

И самиот Климент Камилски, откако излезе од Голи Оток, трошен и скршен, само една година потоа, во едно месечно списание, во текот на цела една година ќе објавува статии, прикази на книги поврзани со левата идеологија на Запад, за Октомвриската револуција, за напредните советски писатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За татко ми беше најзначајно откритието од неговите книги дека е научно докажано оти казеинот од млекото на козата е изразито сварлив, што се гледа во трошната и лека природа на неговиот коагулум кој е мошне сличен со мајчиното млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)