трудна (прид.) - жена (имн.)

Зашто... (Се мисли.) Ми текна нешто, да простиш, Спиро, како на трудна жена: ми се пријаде месо со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако клале веќе месо со праз, нека биде. Разбра ли?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На трудна жена, му рекле, се носат кисели јаболка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што ѝ се станува на трудна жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Натежнале ко трудни жени, што се вели, не се гледа полето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Краста: Штом ќе видам печена мисирка ми се одземаат нозете и веднаш се губам. (Околу вратот врзува бела крпа со негови иницијали) Напросто не можам да се сопрам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе се напалам ко трудна жена, а после ќе морам да го вознемирувам доктор Џуџу.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ТРУДНАТА ЖЕНА И ТРИТЕ НАРЕЧНИЦИ Една трудна жена, пред некој ден да родит, је дошле наречниците на прва полноќ за да је наречуаат детето што ќе је се родит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Другата рекла: - Лели слепо ќе се роди, ај нека е и улогао, барем да го прилега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
треба да се вардат трудните жени во времето на големите пожари и да нема мајтапи на сметка на додолките - кога тогаш ќе се истурат дождови ама луѓето во македонија останаа без чадори - странците многу сакаат луѓе без чадори а историски е потврдена и нивната љубов кон народите кои исчезнуваат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој стариот лав таму веднаш ќе те изеде.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако паднеш не ќе можеме да те извадиме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Недалеку од неа една трудна жена со три русокоси ќерки, секоја со разнобојна машна во долгата руса коса, ⥊ вели на двегодишната ќерка: “Не се качувај на шипката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)