туѓ (прид.) - поглед (имн.)

Без наслов Знам, ти си таму некаде.. а јас овде... мислите мои и твои се пресретнуваат на половина пат... во сенките на темнината, мегу туѓите погледи туѓите воздишки, тајните средби на вљубените лица.. и молчешкум повторно се вракаат кај нас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
По кожата ти крцкаат зрнца од туѓи погледи златни, заборавени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„ Чарли, почекај.“ По тилот му минуваше љубопитност или строгост на туѓ поглед.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во ситуација кога се е разиграно, раздвижено и толку брзо се врти, ти треба да ја имаш доволната мудрост за да навлезеш во туѓите погледи – рече старецот, па продолжи: Првото што ќе го здогледаш е бојата на очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како ќе ги земеш при срце енергичните желби на моето диво битие, кога разголено од туѓите погледи, се стреми кон ослободување?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таинствена, недопрена од туѓи погледи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мирис од лаванда се разлеваше, раскошна сласт и медовина Слепо го протнав клучот низ вклештена клучалка недопрена, незабележана од туѓи погледи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)