туѓ (прид.) - сестра (имн.)

Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Туѓата жена е жена само на домаќинот, туѓите сестри се и наши сестри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се колнеа, подуени и тромави, дека по туѓи сестри не погледнуваат. Селото притаено ги слушаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред две години непознати братучеди на ред го мердале жилавецот за здодевање на туѓа жена или туѓа сестра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога има причина, секој се радува за себе, кога несреќата ќе удри на еден, сите скрбиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)